
Битолскиот второлигаш Пелистер за пролетната полусезона се засили со искусниот крилен фудбалер Вилдан Керим, кој во Битола доаѓа од редовите на Детонит Плачковица.
Во својата кариера Керим покрај за Детонит Плачковица има настапувано и за Гостивар, Вардар, Скопје, Борец, како и косовските екипи Дукаѓини и Дреница, а имаше настапи и во Турција.
29-годишникот ќе треба да му помогне на Пелистер во остварување на целите, а тоа е пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Пелистер како третопласиран ќе презими, а во пролетниот дел целта ќе биде освојување на првото или второто место кое директно водат во фудбалската „елита“ на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет