ОФИЦИЈАЛНО: Вардар Неготино добива нов тренер – Љупчо Димитковски – Гањо си поднесе оставка!

По три кола во Втората македонска фудбалска лига се случи втора тренерска промена, откако Љупчо Димитковски – Гањо си поднесе оставка од местото тренер на Вардар Неготино по три последователни порази.

Притисокот на навивачката група „Винари“, како и денешниот пораз од Караорман во Струга беше пресудно Димитковски да си поднесе оставка.

„По денешниот пораз oд екипата на Караорман и поради слабите резултати, по разговор со шефот на стручниот штаб заедно со управата, тренерот на екипата Љупчо Димитковски си поднесе оставка. Се надеваме во натамошниот дел од шампионатот на подобри резултати и посилен Вардар“, се вели во соопштението од Вардар Неготино.

Следен натпревар за Вардар Неготино е гостувањето на „Билјанини Извори“ против Охрид.

Претходно тренерска промена се случи во Тетекс, Филип Деспотовски го наследи Даниел Радевски кој го водеше Тетекс само на еден натпревар односно во првото коло каде „штофарите“ загубија со 5:1 од Победа во Прилеп.