
Откупот на тутун почна само во село Радање, останатите пунктови официјално започнуваат до 15 декември. Цената е 420 денари по килограм, а тутунот ќе се продава само прва класа. Потпретседателот на асоцијација на земјоделци Гоце Серафимов, потенцираше дека утре следува состанок на откупувачите и претседателот на сојузот, со што ќе се знаат конечните податоци.
,,Моментално откупот е почнат само во с. Радање. Другите пунктови се уште не се почнати со откуп. Утре ќе има состанок со претседател на сојузот и сите откупувачи за да се види од која дата и тие официјално ќе започнат со откуп. Инаку нормално, откупот би требал за почне од 15 декември. Цената моментално е 420 денари, не се очекува друга цена, се ќе оди во првата класа. “, рече Серафимов
Во регионот Серафимов истакна дека ќе има околу 10 пунктови, по четири во с. Радање и с.Лозово и два до Карбинци. Предупреди дека има можност и за уште еден, но и тоа ќе се дознае многу скоро.
,,Во нашиот регион има во Карбинци два, во радање четири, ние го држиме делот и кај Лозово и таму имаме четири. Може би ќе бидат и пет, се најавува и петти пункт и така.“ додава Серафимов
Инаку, тутунот оваа година се продава по 420 денари за килограм прва класа, цена со која што земјоделците не гледаат надеж и иднина за новата 2026 ста да се сади тутун. Тие бараат минимум 500 денари, за да имаат сметка да работат, поинаку како што велат за нашата телевизија работат бадијала.
Иван Митев, М-Нет