Митева: Доделени 33.682 ваучери за електронски уреди за студенти до сега, интересот расте

Вкупно 33.682 ваучери за електронски уреди за студенти се доделени до сега на ниво на државата. Од нив веќе 11 500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред, соопшти денес портпаролот на Влада Марија Митева, потенцирајќи дека интересот и понатаму расте, а ваучерот ќе го намали бројот на дигиталната нееднаквост.

,,Мерката за ваучери, за електронски уреди за студентите се реализира одлично и согласно сите предвидени динамики. Според последните податоци, заклучно со вчерашниот ден, доделени се вкупно 33.682 ваучери во вредност од 15.300 денари. Од нив веќе 11 500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред. Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилниа, а мерката создава резултати. Прецизно и навремено е испланирано до страна на генералниот секретиријат на Владата во блиска соработка со министерството за дигитализација и министерството за образование и наука.“, рече Митева

Митева рече дека, Владата и понатаму ќе продолжи со следење на оваа реализација, се со цел да се намали дигиталната нееднаквост и да се поттикне дигинатлната трансформација.

,,Ја намалуваме дигиталната нееднаквост и ја поттикнуваме дигиталната трансофрмација. Како влада ќе продолжиме со следење на реализацијата и кај овластените трговци, кон обезбедување постојана подршка на студентите.“, додава Митева.

Како што дополнително посочи Митева, интересот за оваа мерка е голем, со што се очеква максимална искористеност од страна на сите студенти, се со цел да се обезбеди можност за сите подеднакво.

Иван Митев, М-Нет