Откриен сторителот на тешката кражба на улица во Штип

По преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Штип го повикале Е.М.(20) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека е извршител на кривично дело  „тешка кражба“ на дрзок начин извршена  на 11.05.2021 околу 17.00 часот на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип, при што со употреба на физичка сила од  малолетник одзел мобилен телефон. Од страна на полициски  службеници украдениот телефон е одземен и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот против Е.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.