Откриен споменик на Драгослав Шекуларац во Белград – фудбалерот на Црвена Ѕвезда роден во Штип!

Драгослав Шекуларац е роден во Штип на 8 ноември 1937 година и со своите голови и настапи во дресот на Звезда заслужи да се најде во потесниот круг за најдобар играч на Црвена Ѕвезда.

Пред натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Текстилац во рамкиа 18. коло во српската Суперлига, на Маракана свечено беше откриен споменикот на легендарниот Драгослав Шекуларац.

Споменикот посветен на уште една „ѕвезда на Звезда“, Драгослав Шекуларац, беше поставена пред западната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“.

Доста емотивно помина настанот пред стадионот во Белград, на свечената церемонија присуствуваа челниците на клубот, како и бројни легендарни фудбалери, а по откривањето на споменикот, навивачите закачија шал околу споменикот, а потоа со факел ја пееја „Добро знај“.

Одличниот дриблер и еден од најдобрите играчи во историјата на црвено-белиот тим, одигра 375 натпревари на кои постигна 119 голови. Со него освои пет титули (1956, 1957, 1959, 1960 и 1964 година), како и еден трофеј од националниот куп (1959).

Дргослав Шекуларац почина на 5 јануари 2019 година.

Александар Ванев, М-Нет