Отворен Регионален центар за ментално здравје и психо – социјална поддршка во Кочани

Официјално се отвори Регионалниот центар за ментално здравје во Кочани. На ваков начин се дава до знаење дека менталното здравје е приоритет, а поддршката ќе биде континуирана, со цел никој да не се соочува сам со последиците на загубата.

„Денеска сум во Кочани и задоволен сум од тоа што го видов внатре. Како што одиме на лекар кога имаме болка или рана, така треба да посетуваме стручни лица кога мислиме дека имаме потреба некој да биде до нас, професионалец кој ќе ни каже убав збор и ќе ни пружи поддршка.“ – вели Алиу.

Поддршка за отворање на овој регионален центар пружи и Црвениот крст. Обезбедувајќи брз и ефикасен одговор во итни случаи, присонесува за помош и поддршка на населението и институциите.

Градоначалникот на Општина Кочани, доктор Владко Грозданов, вети дека општината ќе биде соработник на центарот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет