
Отворен почесен конзулат на Унгарија во Македонија, поточно во Штип. Данела Арсовска е почесниот конзул и таа ќе ја извршува оваа одговорна и престижна функција. Почесниот конзулат на Унгарија кој е отворен во Штип ќе функционира на подрачјето на Источна Македонија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека потребно е да се создаваат потенцијали за странски инвестиции, а источниот дел од државата тоа го има.
Унгарија е подготвена да соработува со Македонија, да инвестира но и да ги продлабочи врските меѓу двете земји, посочи денеска во Штип Министерот за надворешни работи на Унгарија.
Со отварањето на новиот почесен конзулат на Унгарија во Штип ќе се обезбеди поголем простор за развој на бизнисот, за прилив на нови странски инвестиции, за повеќе пазар на постојните бизниси, поголеми работни места и поголеми примања, истакна Османи.
Лаура Стојанова М-Нет