Отворено малдинско катче при Црвен крст Штип – одбележан денот на волонтерите

Отворено младинско катче кое преставува можност за младите волонтери да творат и да организираат работни средби. Црвен крст Штип на ваков начин го одбележа Меѓународниот ден на волонтерите 5 декември. Радува фактот што од година во година бројот на волонтери расте, а тоа го покажуваат конечните бројки на крајот на секоја година.

„По повод 5 декември, денес имаме свечено отворање на младинското катче кое преставува можност за младите волонтери овде да творат да организираат работни средби и да разменуваат теренски искуства. Оваа година Црвен крст Штип ја заокружува со 76 волонтери и вкупно 1119 волонтерски часа“ – вели Димитровска.

Волонтерите се задоволни што добиваат место каде што можат корисно да го минуваат времето. Упатија повик до сите кои скааат да се приклучат и да бидат дел од големото семејство на Црвен крст.

„Оваа година се вклучив во Црвен крст преку проектот на ПХВ од каде изработивме три мали проекти за доброто на општеството“ – велат волонтерите.

На досегашните волонтери беа доделени и подароци со порака дека волонтерите немаат многу време ама имаат срце. Настанот се реализираше во просториите на Црвен крст Штип.

Лаура Стојанова М-Нет