
Агенцијата за млади и спорт или Локалната самоуправа во Штип – градоначалникот Јорданов вели не е важно кој важно е дека догина штипјани ќе добијат затворен базен. Градбата е веќе започната, а како што посочи Јорданов денеска, има ветување од Агенцијата дека на објектот ќе продолжи да се работи и ќе биде пуштен во функција наредната година. Но, дециден е дека и да не се случи тоа од страна на агенцијата ќе го преземат тие како Локална самоупрва и ќе го завршат најдоцна наредната година.
„Она коешто во минатото го истакнавме е дека без разлика на одлуката каде ќе се изгради затворениот базен, со оглед на тоа дека градбата е веќе започната ние како Локална самоуправа побаравме да се превземе надлежноста за дозавршување. Во комуникација со Агенцијата за млади и спорт добивме уверување дека тие ќе продолжат со активности за довршување на изградбата на овој затворен базен и дека 2024 година практично ќе биде ставен во употреба. Но доколку тие не го направат ние ќе имаме обврска да ја преземеме изградбата или да ја довршиме. Верувам дека во 2024 година освен признанието во Штип ќе се изградат многу спортски сали“ – вели Јорданов.
Затворениот базен во Штип е проект на Агенцијата за млади и спорт, кој почна да се гради во 2020 година со вредност нешто повеќе од 38 милиони денари. Првичниот рок за реализација на овој проект беше 18 месеца, но заради оправдани причини истиот беше продолжен до крајот на 2022 година. Здравствената ковид криза која го зафати и градежниот сектор беше една од причините поради кои застана изградбата на базенот. Во јуни оваа година од Општина Штип побараа сами да ја завршат изградбата на базенот.
Лаура Стојанова М-Нет