Осогово загуби во Неготино и оди чекор назад, Победа откина бодови од Брегалница, дебакл на Вардарски!

ФОТО: М Нет телевизија

Во рамки на првото пролетно коло на Втората лига, денес на М Нет телевизија можевте да го следите натпреварот меѓу Вардар Неготино и Осогово, каде двете екипи силно ги посакуваат трите бодови во битката за опстанок, а исходот беше победа за домаќинот од 1:0 со голот на Давид Спасов.

Мечот започна со едноминутно молчење за Фросина Кулакова, а „Винари“ бараат правда за Фросина.

Башкими на домашен терен како фаворит се соочи со Борец, каде реми од 1:1 беше конечниот резултат. Митревски постигна гол за Башкими, а потоа и си постигна автогол. Мечот беше во прекин од 15 минути.

„Поради технички проблем натпреварпт беше продолжен 15 минути. Додека траеше прекинот играчите беа на терен. Натпреварот одигран според ПФИ на ФФМ“, се вели во записникот од мечот.

Беласица во Струмица го пречека тимот на Арсими во дуел каде гостинот со голот Алити беше подобар со 0:1.

Каменица Саса како домаќин играше во Турново против Кожуф каде немаше победник (1:1). Голубов погоди во 84. минута за 1:0, а Дуков во 91. минута ги постави конечни 1:1 за поделба на бодовите.

Новаци на домашен терен ја отвори пролетната полусезона против засилениот Детонит Плачковица, немаше погодоци и немаше победник (0:0).

Охрид беше домаќин на лидерот Македонија ЃП кој со 0:1 ги обезбеди трите бодови преку голот на Маркоски во вториот дел.

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа го пречека штипска Брегалница, каде исходот беше реми без голови со што Победа има златен бод, а Брегалница треба да се задоволи само со реми.

Во Богданци екипата на Вардарски која има речиси во целост променет состав се соочи со Скопје, каде гостинот со 0:3 го декласираше „фенерџијата“. Стрелци во првиот дел беа Шуку, Алексовски и Наков.

Александар Ванев, М-Нет