Оризарите од кочанско разочарани, отукпната цена од 18 до 20 денари незадоволителна за нив

Катастрофална ситуацијата со откупот на ориз во кочанскиот регион, земјоделците разочарани од откупната цена која се движи од 18 до 20 денари за килограм. Дополнително откупот е многу мал, па оризопроизводителите бараат да се донесе нова откупна цена гарантирана со Закон.

„Со оризот до 2025 година дали 5% е откупено и се откупува по цена од 18 до 20 денари. Тоа е катастрофа. Бараме производна цена гарантирана со Закон.“ – вели Арсов.

Откупната цена е правена согласно приносите од претходно, но истите сега се намалени, па оризарите од кочанско бараат производна цена на 500 килограми приноси. Очекуваат ситуацијата да се подобри за да може во април да започне новата сеидба на белото злато. Во спортивно како што велат се става во опасност и оваа култура да исчезне слично како шеќерната репка на пример.

„Производната цена е погрешно пресметана, од кои причини. Ставиле 750 килограми, а ние оваа година од 450 до 500 килограми е максималните приноси. Ние бараме на 500 килограми да се направи производната цена.“ – додава Арсов.

Барањата се испратени до ресорното министерство како и до Влада со цел да се реагитра навремено и да им се излезе во пресрет на барањата на земјоделците.

Оваа година се очекува навремен почеток на сеидбата со огледа на фактот дека има доволно вода во акумулацијата Калиманци за да започне наводителната сезона.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет