
Општина Штип ќе ги урбанизира сервисните улици до новите индустриски објекти кај индустриската зона. Од денеска започнаа сами активности, а истите се предвидени да се доуредаат и во следниот период. Со овој проект не само што ќе се уредат самите улици, туку ќе се овозможи соодветен пристап за сите кои што ќе минуваат секојдневно од таму. Штип со девет проекти во новата година ќе продолжи да се модернизира и урбанизира и ќе биде вистински центар на истокот.
Лаура Стојанова, М-Нет