Општина Штип издвои над еден милион денари за здруженија и фонадации, најмногу за „Текстилијада“ и „Школа за млади лидери“

Еден милион 340 илјади денари одвои Ошштина Штип од сопствениот Буџет за здруженија на граѓани и фондации. Најмногу финансиски средства се издвоени за проектите „Текстилијада 2024“ и „Школа за млади лидери“ однонсо по максимални 300 илјади денари.

Обезбедувањето финансиски средства е со цел да се даде поддршка на здруженијата и финдациите, а зелено светло за ваквата одлука дадоа советниците на последната седница на Советот на Општина Штип.

Финансиски средства за своите активности во тековната година, согласно поднесените проекти се доделени на: Здружение на граѓани „Гласен текстилец“ за проектот „Текстилијада 2024“ доби 300.000 денари, идентично како и Здружение на граѓани извиднички одред „Еквинокс Скаут“ за проектот „Школа за млади лидери“ – 300.000 денари.

По 120 илјади денари од Општината се издвоени за Градски камерен хор „Астибо“ за седмиот интернационален фестивал на камерни хорови „Астибо фест“. Исто толку парични средства добија

Овие средства Општина Штип ги доделува согласно методологијата за доделување на финансиска подршка за проекти на здруженија и фондации кои, со својата работа, придонесуваат за развојот на локалната заедница. За таа цел е распишан јавен повик, а средствата ќе се исплатата од буџетот на Општина Штип неменети за оваа намена.

Приоритетни области се економија и туризам, инфраструктура, образование, култура и спорт и животна средина.

Најмалата сума кое едно здружени може да ја побара е 50.000, а најголема 300.000 денари.

Лаура Стојанова М-Нет