Брера Струмица во младинската Лига на шампион против Сараево

Екипата на Брера Струмица во младинската Лига на шампион ќе дебитира против младинскиот состав на Сараево од Босна и Херцеговина.

Ждрепката во Нион посака Брера Струмица во првото коло да се соочи со екипата на Сараево од Босна и Херцеговина, а составот на Брера Струмица се падна во групата три каде за противници можеше да ги добие младинските шампиони на Казахстан, Молдавија, Ерменија, Белорусија и Грузија, но ждрепката го даде Сараево за противник.

Првиот меч Брера Струмиа го игр на домашен терен на 18. септември, а реваншот е на 2. октомври во Босна и Херцеговина. Доколку младите на Брера Струмица го поминат првото коло, тогаш во второто коло ќе се соочат со израелскиот составн Макаби Петах.

Александар Ванев, М-Нет