
Општина Карбинци започна со активности за асфалтирање на улица во село Долни Балван. Улицата е долга 600 метри, на која што делумно се работеше и во изманиот период. Градоначалникот Виктор Паунов рече дека многу наскоро се очекува улицата да биде завршена, а активностите ќе продолжат и понатаму во повеќе населени места во општината.
“Денес сме во д. Балван овдека продолжуваме со актвиностите поврзани со изградба на улици, односно дореконструкција на онаа патна инфраструкра, која што ја започнавме во изминатиот период. Во текот на овој работен ден ќе се заврши со дел од асфалтирањето на оваа делница овдека. Општина Карбинци започнува со асфалтерски активности, кои што ќе бидат одлика и во следниот период за повеќе улици во повеќе населени места. Конкретно во Долни Балван ова е реконструкција на главната улица и дел од нејзе со должина од 600 метри, која што во изминатиот период еден дел се заврши.“, рече Паунов
Во моментот во општината се работи на неколку позиции, рече Паунов, како улици и градинка. Општина Карбинци и понатаму ќе работи на проектите, кој се финансирани од унгарскиот кредит, додава тој.
Инаку, за денешната инвестиција од општината се издвонеи околу 750 000 денари за оваа актвиност , а остатокот финаниски средства за дореконструкција ќе ја извршат фирмите и компании со кои соработува самата општина.
Иван Митев, М-Нет