Опремен сензорен простор во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип

Ново-опремен сензорен простор наменет за поддршка на лицата со аутизам денеска беше промовиран во Дневниот центар за лиза со аутизам во Штип. Просторот е опремен со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој дневен центар.

Директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Штип, Наталија Митрева Митев истакна дека опремувањето на сензорниот простор во Дневниот центар за лица со аутизам ги зајакнува нивните капацитети за современи социјални услуги и им овозможува на вработените современи услови за работа. Нивната примарна цел на установата е грижа и заштита на ранливи категории граѓани.

Претставничката од Општината Вања Џамбазова истакна дека Општината континуирано ги обезбедува сите потребни човечки ресурси. Според нив сензорните простори имаат значајна улога во обезбедувањето средина во која лицата со аутизам можат полесно да ги регулираат сензорните дразби, да се релаксираат, да го подобрат вниманието и да учествуваат во активностите прилагодени на нивните индивидуални потреби.

Бранка Џајковска смета оваа опрема има за цел да го подобри развојот на корисниците во овој дневен центар, да ја подобрат нивната концентрација и внимание, намалување и надминување на нивните сензорни дразби и подобрување на нивната фина и групна моторика.

Целта е обезбедување сигурно и безбедно катче за престој на децата од ранливи категории и помош и поддршка на нив и нивните семејства.

Ева Тушевска, М-Нет