Ожнеано жито, нискостеблеста шума и патничко возило „рено меган“ гореа во пробиштипско

Ожнеано жито, нискостеблеста шума и патничко возило „рено меган“ гореа во пробиштипско

На 16.07.2025 во 15.30 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека помеѓу селата Троло и Пестришино, пробиштипско, настанал пожар од кој биле зафатени две парцели со ожнеано жито,  нискостеблеста шума, трева, грмушки и патничко возило „рено меган“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на В.М. од Пробиштип. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Пробиштип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.