
По денешниот прилог на М-Нет телевизија, за починатиот маж во текстилна компанија пристигна појаснување и од конфекцијата. Имено, преставник од текстилната компанија истакна дека вработените по немилиот настан биле пуштени дома, односно во 13:15 часот вработените ги напуштиле работните места со организиран превоз. Работниците биле на своите работни места само додека да пристигне превозот, бидејќи се работи за поголем број вработени и потребна е поголема организација. Од компанијата се извинуваат за претрпениот стрес на вработените, а до семејството на починатиот упатуваат искрено сочувство.