Од утре затворен за сообраќај патниот правец од с. Долни Балван до с. Таринци

Од утре ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на патниот правец од село Долни Балаван до село Таринци. Измената на режимот на сообраќај е заради отпочнување на проектот за реконструкција на овој патен правец. Истовремено од левата страна на патниот правец ќе се постави и пешачка патека. Од Општина Карбинци ја информираат јавноста дека изменет временски режим ќе има се до завршување на активностите на терен.

„Општина Карбинци ја информира јавноста дека од 18.8.2023 година, (петок) со почеток во 7 часот ќе започне да се применува времена измена на режим на сообраќај на локалниот пат село Таринци – село Долни Балван поради реконструкција на овој патен правец и изведба на пешачка патека од левата страна. Измената на режимот на сообраќај ќе трае во временски интервал до завршување на градежните работи“ – велат од Општина Карбинци.

Патниот правец е со должина од еден километар и 600 метри, а долж по истиот ќе биде и пешачката патека, кој впрочем е првата пешачка патека во Општина Карбинци која треба да биде осветлена и целосно уредена. Дополнително општината работи и на проект за изведба на пешачка патека од село Таринци до село Карбиници во должина од 1800 метри.

Лаура Стојанова М-Нет