Од утре без ПЦР тест за влез во Бугарија за студентите и учениците од Македонија

Од утре ќе има олеснување при влез во Бугарија за студентите и учениците од Македонија, Грција, Турција, Србија и Романија. Денес, министерот за здравство на Бугарија издаде наредба со која нема да се бара ПЦР тест при влез во Бугарија на оваа категорија граѓани од овие земји. Наредбата влегува во сила од утре. Ова олеснување го решава големиот проблем на студените и учениците кои при секој влез имаа задолжителен ПЦР тест.