Од следната сезона ќе фигурира единствена Втора македонска фудбалска лига со 16 екипи

И официјално веќе се знае дека Втората Македонска фудбалска лига,сега составена од групите Исток и Запад ќе се спојат и ќе фигурира како единствена Втора лига која ќе брои 16 екипи. Тоа значи дека во сезоната 2022/2023 година во Втора лига ќе се преселат 11 и 12 рангираните екипи од Прва лига од оваа 2021/2022 сезона. Осум екипи пласирани од 3 до 6 место во Вторите лиги остануваат во единствената новоформирана лига а две екипи ќе се добијат по одиграните бараж средби на второпласираните екипи од вторите лиги и девето и десето пласираната екипа од Прва лига. Едно место во новата Втора лига ќе обезбеди победникот од меѓусебниот дуел на 7 пласираните екипи од истокот и западот. Последните 3 екипи ќе се добијат по одигрувањето на бараж – средбите на 5 прволасирани екипи во Третите лиги и поразениот за 7 место ( три натпревари), по што победничките екипи ќе ја пополнат новата единствена Втора Фудбалска лига на Македонија составена од 16 екипи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk