Од ноќва зимско сметање на времето, стрелките еден час наназад, како тоа влијае врз граѓаните?

Стрелките на часовникот ноќва се поместуваат еден час наназад, со што почнува зимското сметање на времето. Наместо 3 часот, часовникот ќе покажува 2 часот, па се поставува прашањето дали и колку тоа ќе влијае врз сонот и секојдневните навики на граѓаните.

За едни, ова значи еден час повеќе за спиење, додека други велат дека промената им влијае на сонот и секојдневниот ритам. Помал дел анкетирани граѓаните велат дека не чувствуваат никаква разлика и лесно се приспособуваат на новото време.

Со зимското сметање на времето, утрата ќе осамнуваат порано, но и стемнувањето ќе настапува порано. Менувањето на часовникот и понатаму е практика во голем дел од Европа, иако прашањето за нејзино укинување со години се разгледува на европско ниво.

Иван Митев, М-Нет