
Од новата учебна година ќе се менува начинот на работа во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, во рамки на процесот на оптимизација на образованието, информираа надлежните. Причината за промените е намалениот број ученици и потребата за подобро искористување на образовните ресурси. Учениците од прво и шесто одделение ќе продолжат во други училишта по свој избор, а во наредните години постепено ќе се заокружи наставниот процес во оваа зграда. Објектот потоа ќе биде пренаменет за Универзитетот „Гоце Делчев“, каде е предвидена и поликлиника и наставни простории.
,,Оваа стратегија и план не предвидува затворање на оваа образовна институција, туку реорганизирање на образовниот процес во рамки на оваа образовна институција и ова училиште. Оваа стратегија не предвидува технолошки вишок на веќе постоечките вработени лица, туку нивно искористување, превземање во останатите образовни институци и учишта на еден среден рок од пет години. Дополнително она кое што е наша стратегија е да се развива самиот образовен процес и да се спречи понатамошната сегрегација која ни се случува со постоечкиот концепт на основно образование.“, вели Јорданов
Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ова е дел од петгодишен план за уредување на образованието во Штип. Таа нагласи дека објектот на „Гоце Делчев“ ќе остане во образованието и ќе биде во функција на Универзитетот „Гоце Делчев“, со гаранција дека нема да се менува неговата намена во таа насока.
,,Денес сме тука да потврдам две работи. Прво дека сите ученции од училиштето Гоце Делчев ќе го продолжат својот образовен процес во многу пдообри услови, загрантирано уставно право кое ќе си го остваруваат во училиштата во Општина Штип и во многу подобра социјална средина, каде што тие ќе имаатм ожност да ги покажат своите таленти, да се споредуваат со другите ученици, да се натпревааруваат со другите ученици, да се дружат со други ученции и да учат во помодерни услови. Дополнително на тоа би сакала да кажам дека на сите ни е добро познато дека во повеќе општини во Македонија се случува одделување на децата по етничка основаа, што не води кон просперитет. Социјализацијата и процесот на интеграцијата се единствениот правилен начин за проспиритет на општиата. Да потврдувам ниту еден наставник од ова училиште нема да остане без работа, ако што кажа градоначалникот имаме, јас сум им благодарна на сите што се грижат за Штип и напредокот на Штип и на образованиот процес во Штип, ние имаме петгодишен план во кој гарантираме дека се ќе се одвива во најдобар ред и најдобар мир, во кроист на децата и пдообрување на квалитетто на образовниот процес и пдообрување на знаењата, компетенциите и вештините на учениците. Притоа се разбира треба ангажман и на наставниците. Децата ќе си продолжат така, како што си сакаат, во кое училиште ќе го одберат да учат, таму и ќе учат. Во овој петгодишен план во Штип се предвидени околу 80 пензионирања, што значи дека наставнците и од ова училиште и од другите училишта ќе си го добиваат своето место, соодветно на пензионирањата и доколку и во иднина, бројот на ученици се намалува. Oваа училишна зграда на училиштето Гоце Делчев, повторно ќе биде употребена во образовниот процес. Овие дечиња кои се сега ќе учат во сите училишта во Штип, ќе имаат можност во истата зграда да продолжат на високо образовние, бидјеќи таа зграда ќе ја оставиме во рпоцесот на образвоание, односно ќе припадне наУГД.“, изјави Јаневска
Ректорот на УГД Дејан Мираковски посочи дека на универзитетот му е потребен дополнителен простор за настава и наука. Тој додаде дека во дел од објектот е планирана поликлиника за практична работа на студентите, а останатиот дел за лаборатории и наставни простории.
,,Нашите развојни планови налагаат дополнителен простор, идејата е тие простори да ни ја подобрат инфраструктурата и за настава, но за наука, но и за сервис кон граѓаните. Нашиот универзитет има одредени струки, на пример еве стоматологија е дел од медицински науки, на кој што е планирано да се направи поликлиника, која што би била специјално дизајнирана, за да може студентите да остваруваат практична работа, но и истовремено да даваат услуги кон ранливите и социјалните категории граѓани. Идејата е , бидејки се работи за објект кој што може тоа да го поднесе, да еден дел од објектот биде пренаменет за таа намена, а другите објекти соодветно како ќе се одвива процесот на менување на структурата, другиот дел од објектот да биде наменет за лабаратории, наставни простории и т.н.“, рече Мираковски
Планот како што нагласи министерката Јаневска е добар, подвелчувајки дека е водено сметка за се што треба, ништо не е пропуштено, нема губење на работни места, а децата продолжуваат со поквалитетно образование, потенцирајќи дека нема причина за загриженост и паника.
Иван Митев, М-Нет