Одржана јавна дебата за реализиција на капитални проекти во Штип

Проекти кои ќе значат развој на град Штип, меѓу кои промена на застарената водоводна линија, конзоли на река Отиња, изградба на булеварот Партизанска и катни гаражи беа дискутирани вчеравечер на транспарентна јавна дебата. Првиот човек на Штип, Иван Јорданов истакна дека ова се проекти кои се од огромно значење, а се надвор од секојдневните активности кои се работат на тертиоријата на Штип.

„Станува збор за неколку проекти, а тоа се промена на застарената водоводна линија и реализација на проектот конзоли на река Отиња и подобрување на метежот во централното градско подрачје, изградба на катни гаражи, изградба на булеварот Партизнаска и поврзување на населбите Осми ноември и Баби. Зборувам за временски период и започнување на реализација на овие проекти во оваа тековна година, а за догодина исто така се размислува и се работи на прокетирање на прокетот за обиколница на Општина Штип на потегот во населбите Пребег и Железничка до викенд населбата Плуждино со нов мост на река Брегалиница. “ – кажа Јорданов.

Во оваа прилика тој истакна дека општината е ликвидна односно има финансиски средства, а се очекува до крајот на мандадот да бидат исплатени сите заостанати долгови.

„До крајот на мојот мандат целосно ќе го вратиме доспеаниот долг кој 20 години наназад никој не го вракал, но исто така мора да размислуваме за реализација на вакви крупни проекти кои не можат тековно да бидат сервисирани во Буџетот на Општина Штип“ – додаде Јорданов.

Од урбаните заедници посочија на проблеми кои треба да бидат решение во градот, но најголем акцент се даде на изградба на катна гаража и решавање на сообраќајниот метеж во градот.

Начинот на кој ќе се плаќаат прокетите ќе биде презентиран на наредната седница на Совет на Општина Штип и додколку се усвои ќе се побара заем од Министерството за финасии.

Лаура Стојанова М-Нет