
Изминатиот викенд започнаа натпреварите од пролетниот дел во Првата Футсал лига на Македонија а во кое 12 коло се постигнаа следните резултати:
- Шкупи – Карадаку 5:1
- Арбен Бајрами – Кеги Моби 5:1
- Железарец – Велес 6:2
- Јувентус Серава – Проект Цико 8:9
Натпреварите во Штип Мал Ајакс – Кратово и Астибо – Црна Река беа одложени и во текот na наредната недела ќе се одиграат, но за терминот дополнително ќе информираме. Векендов што следи ќе се одигра редовното 13 коло во кое во Штип ќе се сретнат Астибо и Шкупи а натпреварот ќе се одигра во недела со почеток во 19.00 часот во спортската сала Тошо Арсов. Вториот штипски футсал прволигаш Мал Ајакс ќе гостува на екипата на Кеги Моби.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk