Одложениот Футсал меч Астибо – Црна Река ќе се одигра утре, четврток

Денес конечно се донесе одлука за одигрување на одложениот футсал натпревар од 12 коло Астибо – Црна Река што требаше да се одигра во Штип. Со меѓусебен договор на двете екипи е договорено овој натпревар да се одигра утре, четврток, но во Кавадарци. Според информациите од тренерот на Астибо Илија Митров, денес во Скопје штипската екипа до доби и ваучерот од АМС во вредност од 500.000 денари.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk