
Тенискиот клуб Астибо од Штип изминатиот викенд оствари одлични резултати. На Државното првенство до 10 години во јуниорска конкуренција кое се одржа во Скопје, Славица Поп-Панева играше во четвртфинале, Марија Стодиќ, Анастасија Митева и Дарија Монева беа сопрени во осминафинале. На овој турнир учество земаа Лорена Николова и Хана Миленкоска кои прикажаа голема борберност и тениско знаење, но не ја поминаа групната фаза.
Голем успех за тенискиот клуб Астибо беше подигнатиот пехар на Мила Ушинова на отвореното првенство на Македонија до 12 години за што веќе информираше М Нет телевизија.
Со јуниорските натпреварувачи во машка и женска конкуренција работат тренерите Срѓан Савески и Дијана Петрова кои се лиценцирани тренери од страна на Македонската тениска федерација.
„Интересот за тенисот и натпреварувачкиот тенис е во постојан подем и во иднина се очекуваат уште поголеми резултати“, изјави Савески за М Нет.
Ветераните на ТК Астибо се шампиони на тениската лига на Македонија која се одржа изминатиот викенд во Неготино и Кавадарци. Екипата беше составена од Панче Арсов, Горан Џугоманов, Горѓи Стојковски и Јоце Монев.
Претходниот месец се одржа Отворено првенство на Македонија во категорија 30 плус каде победник беше Панче Петров од ТК Астибо, кој е пет пати во низа државен првак на Македонија во оваа категорија.
Александар Ванев, М-Нет