Одбојкарите на Штип УГД утре во „Јордан Мијалков“ го играат третиот меч против Струмица во финалната серија за шампионската титула!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се одигра третиот меч од финалната серија за шампионската титула меѓу Штип УГД и бранителот Струмица.

На досега двата одиграни натпревари струмичани беа подобри и така има 2:0 предност во финалната серија, која се игра до три добиени натпревари, па Струмица веќе утре може да ја одбрани титулата ако триумфира против Штип УГД во „Јордан Мијалков“.

Штипјани нема така лесно да излезат со бело знаменце и со поддршка од трибините ќе бараат триумф и така да се вратат во трка за да може да дојдат до двојната круна, но ќе биде повеќе од тешко.

Штип УГД ја одбрани Куп-титулата совладувајќи ја Струмица со 3:0 во сетови, но сега струмичани играат во подобро издание.

Третиот меч од финалната серија меѓу Штип УГД и Струмица се игра утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, со почеток од 19 часот.

Александар Ванев, М-Нет