Одбојкарите на Македонија обезбедија пласман на Европското првенство

Вечерва и големата турска селекција клекна на колена пред македонските одбојкарски „лавови“. Селекцијата на Македонија ја победи Турција со резултат 3:1 по сетови 25:19 ; 21:25 ; 25:23 ; 25:18 и по втор пат обезбеди пласман на Европско првенство. Победата е остварена по голема борба во која нашите одбојкарски херои се надминаа себе си и постигнаа исклучително важен и респектабилен успех кој наидува на широк одзив кај одбојкарските љубители ширум Македонија. Инаку на квалификацискиот турнир што се одржа во Скопје нашата селекција на два пати ја победи БиХ со резултат од 3:1 и 3:0 , загуби еден меч од Турција 3:1 и вечерва во решавачкиот натпревар забележа победа од 3:1.

Драги Герасимов – Пушка Mnet,mk