Ограбен таксист на ул. “Черења” во Штип

На 01.11.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Штип, Х.А.(19) од Штип пријавил дека околу 20.30 часот во неговото такси возило на ул.„Черења“ во Штип едно лице со употреба на физичка сила му одзело пари од чантата. Се работи на расчистување на случајот.