Огнена стихија проголта трло, бали и мисирки кај Штип – пожарот изгаснат, нема повредени

На 01.08.2026 во 11:30 часот во СВР Штип e пријавено дека во с.Сарчиево, штипско, настанал пожар на нискостеблеста вегетација, при што огнот зафатил трло, склад со бали, мисирки и др., во сопственост на Р.Ј.(53) од Штип. Повредени лица нема, а од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.