Овој викенд продолжуваат возбудувањата од пинг-понг Суперлигата: Штипјани одат по одат по нови победи, дерби на Астраион и Радовиш!

Во недела ќе бидат одиграни натпревари од 17-тото и 18-тото коло на пинг-понг Суперлигата на Македонија, а неизвесноста е меѓу лидерот Младост 96 кој има 31 бод, а пак Крива Паланка како втора има 30 бодови.

Во рамки на 17-тото коло лидеор Младост 96 ќе игра против струмички Астарион, Радовиш ќе игра со Пелагонија, а пак неизвесно ќе биде меѓу Телеком Нец 2 и штипски шампион ФА.

Во рамки на ова коло свое соочување ќе имаат Берово и фаворитот Крива Паланка, кој би требало лесно да дојде до триумф, а пак Младост ќе игра со Вардар.

Во 18-тото коло Крива Паланка како голем фаворит ќе игра со Младост, Шампион ФА во улога на фаворит ќе се соочи со Берово, Пелагонија ќе игра со Телеком Нец 2, дерби на Астраион од Струмица и екипата на Радовиш, додека пак лидерот Младост 96 како апсолутен фаворот ќе игра против Вардар.

Во однос на табелата пред одигрување на овие две кола, на првото место е Младост 96 со 31 бод, втора е Крива Паланка со 30 бодови, на третото место е Телеком Нец 2 со 28 бодови, а пак Астраион е на четвртото место со 27 бодови.

Екипата на Шампион ФА од Штип е на петтото емсто со 26 бодови, Радовиш е шести со 22 бодови, додека екипата на Пелагонија е на седмото место со 21 освоен бод.

На осмото место е Вардар со 20 бодови, Берово е претпоследен со 16 бодови, а на последното десетто место е Младост со 15 бодови на своето конто.

Александар Ванев, М-Нет