Овој викенд започнува новата сезона во Трета лига – Север

Со натпреварите од првото коло овој викенд ќе започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Во рамки на првата рунда екс второлигашот Кадино на домашен терен ќе го пречека тимот на Ржаничино, додека пак Куманово ќе игра против Беса од Сарај.

Тимот на Башкими Љуботен ќе се соочи со Лопате, а пак Отља ќе го пречека составот на Аеродром.

Првата рунда го носи и дербито на Фортуна против БВК Коњаре, а пак Студеничани ќе ги одмери силите со поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, тим кој најавува амбиции за враќање во Втора лига.

Во првото коло Пчиња на домашен терен ќе се соочи со Беса Слупчане.

Александар Ванев, М-Нет