Обезбедени три дополнителни возила за зимско одржување на патиштата во Штип

Три нови возила обезбедени во Општина Штип за зимско одржување на патиштата. Имено ЈП „Стипион“, склучи договор со кумановска фирма за една година, во кој договор се предвидува користење на нивни возила за зимско одржување на патиштата низ градот под Исарот. Едниот камион пристигна денеска, другите два се очекува да пристигнат во текот на утрешниот ден. Најсреќната ситуација е дека ќе се плаќа само колку ќе се користат возилата, а не и за тоа што престојуваат во Општина Штип.

„Ние распишавме јавна набавка и на мое огромно задоволство сакам да ја известам штипската јавност дека потпишавме договор со кои обезбедивме три камиони, односно специјални возила со нож пред возилото и со соларка која ќе ни помага за чистењето на снегот во нашиот град и нашите граѓани да се чувствваат сигурно.“ – кажа Ефтимов.

Со овие нови три возила ЈП „Стипион“ на располаѓање за зимско одржување на патиштата има шест возила. Исто така, Ефтимов уште еднаш потврди дека има доволно абразивен материјал, сол и песок, како и работна рака за да зимско одржување на патиштата.

Лаура Стојанова М-Нет