Нов тик ток предизвик, психолозите апелираат на поголема едукација кај децата и внимателност кај родителите

Тик ток апликацијата повторно во центарот на вниманието. Нов „парацетамол“ предизвик се прошири изминатиот период. Иако нема регистрирано случај на токсикологија за пациент кој испил преголема доза на парацетамол, сепак вклучен е црвениот аларм. Психолозите велат дека е потребна едукација кај децата со цел да не се прифаќаат негативните предизвици од оваа апликација.

„Можеби е потребно да се воведе едукација за користење на истите и насочување на интересот на истите за нешто полезно и нешто што е добро за нив. Затоа што има огромно влијание, таму гледаат во многу нешта, од видеата гледаат и авторитет. Многу од родителите се жалат оти повеќе му се верува на некој од тик ток отколку на родителот“ – вели Чучкова.

Преку тик ток апликацијата се губи и чувството на емпатија но и на авторитет кај децата, додаваат психолозите. Самиот факт дека може да се манипулира со возраста, а нема физички контакт меѓу корисниците овозможува да се развива малолетничкиот криминал. Чучкова децидна дека во момент кога не може да се укине апликацијата или барем се уште се размислува, под итно е потребна поголема едукација.

„Во однос на прескокнувањето на развојните фази, затоа што нема контакт со живо лице, многу потешко се остварува контакт со младите, нема развој на емпатија, неможност да се оставри емпатија, нема такво мерило и вредностите се без основа. Малолетничкиот криминал е на висока стапка кога нема емпатија“ – додава Чучкова.

Тик ток апликацијата може да влијае и позитивно, но само доколку за тоа има соодветна едукација. Затоа се советуваат родителите да бидат внимателни и да разговараат со своите деца, со цел да се намали негативното влијание од оваа апликација кај децата.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет