Нов студен бран со снег и температури под нулата се очекува од недела

Нов студен бран со снег и температури под нулата од недела. Метереолозите најавуваат брз продор на доста студена воздушна маса од север со што на повисоките места се очекува снег. Како што вели синоптичарот Ленче Ризова во недела во попладневните часови температури нагло ќе опаднат, што покрај на повисоките снегот се очекува да се префрли и кон пониските места во државата.

,,Промена на времето очекуваме во недела, затоа што ќе има еден брз продор на доста студена воздушна маса од север, така што во недела ќе преовладува претежно облачно, студено време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Меѓутоа дува засилен северен ветер. Температурите во попладневните часови ќе почнат нагло да опагаат, така што врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Во источните региони снег ќе има во повисоките региони.“, рече Ризова

Пад на температурите се очекува да има и во текот на следната недела и тоа под нулата рече Ризова, особено во вотрник, додава таа.

Инаку максималните дневни температури ќе достигнат само 8 степени.  Сепак студеното време ќе се задржи само идната недела, а понатаму стабилизирање на температурите.

Иван Митев, М-Нет