
Нов снежен бран кој ќе биде застапен до сабота го очекува истокот на државата. Особено снежната покривка ќе биде застапена во ноќта кон среда, како и четврток на потегот од Штип до малешевијата. Ваквото време не очекува да биде до петок, а веќе од викендот врнежите постепено ќе престанат, а температурите ќе се зголемат за неколку степени.
„Утринава има повремен дожд на потегот од Штип кон исток, преку Кочани и малешевијата, а дува и засилен ветер и истиот е север и особено засилува во регионот на штипско. Врнежите ќе престануваат до крајот на денот, но ќе преминуваат во врнежи од снег, а особено снег ќе има на повисоките места во крајнте источни планински делови. Во текот на ноќта ќе има краткотрајно престанувањее на врнежите, а потоа рано изутринава повторно во источниот дел на потегот од Штип кон малешевијата ќе има повремени врнежи од снег, кој во попладневните часови краткотрајно во населените места ќе преминуваат“, вели Секирарски
Покачувањето на дневната температура покрај викендов, не очекува да се зголемат и во првите денови на новата година
„ Од овие врнежи ќе имаме зголемување на снежната покривка особено кон планините кон осоговието и малешевијата. Во деновите врнежите ќе бидат и понатаму четврток по интезивни на северпот, а на истиокот ќе се оддржува истата создадена снежна покривка. Ќе биде и понатаму ветровито, дозасилен северен ветер, наутро студено, а додека слаб снег ќе провејува и во петок и со тоа ќе завршат овие врнежи. Веќе сабота и недела ќе имаме престанување на врнежите.“, додава Секирарски
Инаку во Штип од вчеравечер е застапен дожд, кој од изутрина започна да преминува во снег. Знаејќи дека ваквото време ќе биде застапено во следните неколку дена, ова ќе претставува дополнителна новогодишна еуфорија за граѓаните.
Лаура Стојанова, М-Нет