Нов скандал: Гостивар се повлече од терен во мечот со Работнички!

Нов скандал во мак-фудбалот откако екипата на Работнички во 85. минута го напушти теренот при резултат од 1:2 во моментот кога Работнички направи пресврт за 1:2 во дербито за излез во Европа.

Гостивар прв дојде до предност во 66. минута преку Ервин, а потоа доби и црвен картон поради груб старт. Работнички преку Ангелов во 79. минута израмни на 1:1, а преку Дејли во 84. минута напраив пресврт.

Незадоволни од судиските одлуки играчите на Гостивар заминаа во соблекувална и мечот не го доигра.

Ова значи дека Работнички ќе го добие мечот со службени 0:3, а дополнително против Гостивар ќе бидат поведени Дисциплински постапки, па ќе има дополнителни сакнции кон Гостивар.

Фудбалерите на Работнички и судии останаа на теренот и чекаа дали ќе се вратат фудбалерите, но сепак Гостивар одлучи да не го доигра мечот.

Александар Ванев, М-Нет