Нов пораз за одбојкарките на штипски Младост УГД, Работнички и Наковски Волеј, високи победи забележани и во Втората лига!

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од втората рунда на Првата женска одбојкарска лига, а во кое коло нов пораз запишаа одбојкарките на штипски Младост УГД откако на домашен терен загубија со 1:3 од Јанта Волеј.

Со резултат од 0:3 Работнички го декласираше Фит Фан Волеј, а со ист резултат Струмица ја декласираше Ускана Волеј, како и Наковски Волеј кој ја декласираше Вардар ЕМ.

Во рамки на втората рунда од Втората женска одбојкарска лига само Куманово запиша гостинска победа, сите останати гостински екипи беа поразени. Куманово со 0:3 го доби Виктори Волеј.

Газели Волеј со 3:0 го декласираше тимот на Македонија Макс, Вардар 2019 со 3:0 беше подобар од Универзитет Тетвоо, Пелистер Волеј го доби Фламинго Волеј со 3:0, а пак Бами Кор со 3:0 славеше победа над Форца Волеј Ема.

Следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од третата рунда.

Александар Ванев, М-Нет