
Нови тротоарски површини, нов асфалтен слој и паркинг места ќе добијат жителите на улицата Васил Доганџински во Општина Штип. По честите реакции од жителите на оваа улица, во следниот период и овој дел од градот ќе биде реконструиран. Градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека најпрво ќе се уредуваат тротоарските површини, а веднаш потоа ќе се постави асфалтен слој на дел од улицата, како и поплочување на атмосферскиот канал, со цел граѓаните добијат повеќе паркинг позиции. Посочува дека повеќе од еден милион денари од буџетот на општината се одвоени за тротоарските површини и еден за асфатирањето, како и поплочувањето.
“Се наоѓаме на ул.Васил Доганџиски. Досега имавме чести реакции од жителите на оваа улица заради небезбедноста на пешаците, на минувачите на истата оваа улица и не уредените тротоарски површини. Започнуваме во неколку фази со решавање на овој проблем. Најпрво ќе се обидеме да ги истретираме тротоарските површини и во овој момент се започнати активностите за уредување на тротоарските површини, со што повеќе од еден милион денари од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните , потрошени за тротоарски површини кои досега не биле предевидени и истретирани. Предвиден e исто така нешто повеќе од еден милион денари за асфалтирање на поголем дел од улицата Васо Доганџиски, а во трета фаза е предвидено и поплочување на еден тел од атмосферскиот канал со цел обезбедување повеќе паркинг места “, истакна Јорданов
Со овие фази кои се дел од програмата за уредување на градежното земјиште ќе овозможи поголема безбедност за пешаците, додава Јорданов.
“Сите овие фази во програмата за уредување на градежно земјиште ќе обезбедат поголема безбедност за пешаците, но исто така и обезбедување на повеќе паркинг места .“, додава Јорданов
Со ваквите новитети, граѓаните на овој дел од градот не само што ќе добијат повеќе паркинг места, тие ќе имаат и поголема безбедност, движејки се по тртоарските површини.
Лаура Стојанова, М-Нет