
Нови профили за возарсни ќе бидат дел од наставната програма во СОУ „Коле Нехтенин“ Штип, од 1 септември, од кога впрочем од општинско ова преминува во државно училиште. Дополнително со средства кои ќе се инвестираат од страна на МОН ќе се работи на подобрување на инфраструктурата, опремување на кабинетите и збогатување на практичната настава. Директоротката, Јованка Шалева, вели дека на ваков начин ќе се зголеми уште повеќе интересот за запишување во ова училиште.
„Од 1 септември нашето општинско училиште поминува во државно – регионален центар за стручно образование и обука. Тоа значи дека големи средства ќе се имплементираат и вклучат во нашето училиште во вид на подобрување на инфраструктурата, но и во опремување на кабинетите и збогатување на практичната настава. Воведуваме и профили во неформалното образование или образованието за возрасни“ – вели Шалева.
Возрасните кои од разни причини не завршиле соодветно средно образование ќе имаат можност тоа да го направат и да имаат своја професија во иднина. Со пренаментана на средното општинско во државно училиште ќе се зголеми и бројот на средношколци од регионот, но и од државата.
„Насоките кои ќе бидат во однос на возрасните се направени врз база на добра анализа на пазарот на трудот. Ќе бидат монтер за инсталација на електрични мрежи и инсталација на електрични системи од електроструката и бравар и заварувач од машинството “ – додава Шалева.
СОУ „Коле Нехтенин“ е едно од осумтте училишта во државата кое од средно општинско се пренаменува во регионален ценатар за стурчно образование и обука.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет