
Советот на општина Штип даде зелено светло за продажба на дел од акциите во сопственост на општина Штип во друштвото за спортски дејности фудбалски клуб Брегалница 2008 АД Штип. Со ова се отвара патот Брегалница да добие инвенститор, а со тоа клубот да се организира за новата сезона во Првата лига, која треба да започне на 25 јули.
„На гласање ставам предлог одлука за отпочнување постапка за продажба на дел од акциите во сопственост на општина Штип во друштвото за спортски дејности фудбалски клуб Брегалница 2008 АД Штип. Констатирам дека со мнозинство гласови советот на општина Штип донесе одлука за отпочнување постапка за продажба на дел од акциите во сопственост на општина Штип во друштвото за спортски дејности фудбалски клуб Брегалница 2008 АД Штип. На гласање ставам предлог одлуката за продажба на дел од акциите во сопственост на општина Штип во друштвото за спортски дејности фудбалски клуб Брегалница 2008 АД Штип. Констатирам дека со мнозинство гласови советот на општина Штип донесе одлука за продажба на дел од акциите во сопственост на општина Штип во друштвото за спортски дејности фудбалски клуб Брегалница 2008 АД Штип“, вели претседателката на советот на општина Штип, Весна Кожинкова.
Името Брегалница трајно мора да се користи, новиот сопственик ќе нема можност клубот да го пресели во друг град или држава, а притоа беше наведен и финансискиот придонес на малцискиот и мнозинскиот акционер.
„Најпрво во делот на името, оваа одлука гарантира дека клубот мора трајно да го користи, да го задржи името Брегалница и седиштето на самиот клуб не може да се премести во друга општина или држава без согласност од општина Штип. Општина Штип како малцински акционер во ФК Брегалница ќе има обврска да дава минимален годишен придонес за финансирање на тековното работење ако клубот е во Прва лига во износ од 15 милиони денари, доколку клубот е во Втора лига минималниот финансиски придонес кој што ќе го дава општина Штип ќе биде девет милиони денари. Во однос на купувачот и мнозински акционер минималните годишни придонеси во АД доколку клубот е во Првата македонска фудбалска лига треба да изнесува 30 милиони денари, а доколку е во Втората лига треба да изнесува 15 милиони денари“, вели Шорова – Ангелова.
Брегалница минатата сезона стана шампион и обезбеди влез во Прва лига, а во следниот период треба да биде познато како ќе изгледа Брегалница од аспект на играчкиот кадар, кои ќе биде дел од стручниот штаб, кои ќе бидат целите, кога ќе започнат подготовките, засилувања и пријателски натпревари. Инаку, новата сезона Брегалница ја отвара со гостување кај шампионот Вардар.