Нова телефонска линија за повредените од Пулс и нивните семејства отвора Владата

Нова телефонска линија за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ и нивните семејства отвора Владата. Новиот канал за директна комуникација со повредените ќе биде активен од понеделник 9 јуни. На оваа линија граѓаните, односно повредените и нивните семејства ќе може да поставуваат прашања, да упатуваат барања кои директно ќе бидат пренесени до соодветната институција.

„Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од канцеларијата на претседателот на Влада која ќе биде активна од понеделник 9.6.2025. Телефонскиот број е нов канал за директна комуникација со повредените и нивните семејства“ – вели Митева.

Оваа телефонска линија ќе биде достана 24 часа и ќе може да се користи со цел да им се помогне на повредените од несреќата во дискотеката како и на нивните семејства.

„Оваа линија нема да биде само контакт туку жив канал за комуникација.“ – додава Митева.

На 16март во дискотеката Пулс во Кочани повредени беа околу 200 лица.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет