Нова инвестиција во Штип: Данска компанија отвора фабрика за батерии, над 110 нови работни места

Нова инвестиција во Штип: Данска компанија отвора фабрика за батерии. Со вложување од 35 милиони евра, овој проект ќе отвори нови работни места и ќе ја зајакне локалната економија. Како што информираше премиерот Христијан Мицкоски, денес во својата изјава оваа инвестиција ќе започне оваа година, и истата ќе овозможи помеѓу 110 и 150 нови работни места , а ќе придонесе за понатамошен развој на индустријата за енергија и електрична мобилност во Македонија.

,,Нова инвестиција во индустринската зона во Штип, фабрика која што ќе вработи до 150 луѓе, која што ќе инвестириа околу 35 милиони евра, која што во својот пик за три години од денеска ќе извезува 300 милиони евра и ќе влезат во бруто домашниот производ и ќе произведува батерии. Инвеститорот е од ЕУ.“, рече Мицкоски

Прашан од кога ќе започне оваа инвестиција, премиерот Мицкоски рече дека од есен би требало да се почне со камен темелник, а во моментот се врши потврдата и потпишува договорот.

Со ваквата инвестиција, од една страна не само што ќе се подобри економијата во државата, од друга страна ќе се отворат нови работни места кој ќе овозможат младите да се вработат и да заработуваат солидно.

Иван Митев,М-Нет