
Нови речиси 2000 работни места се обезбедуваат на почетокот на годината со најавената инвестиција во ТИРЗ зоната во Штип. Инвестицијата е од Сверена Америка, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година, вели во интервју за МИА директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.
Деспотовски најавува дека деталите за американската инвестиција ќе бидат соопштени за десетина дена, и од менаџментот на компанијата и од Владата.
„Секако, не застануваме тука. Веќе година дена работиме на преговори со американско тајванска компанија, каде во конкуренцијата се соседна Србија, но и НР Кина. Очекувам дека за еден – два месеца ќе имаме добри вести и ќе ја имаме следната најголема инвестиција во постоењето на ТИРЗ, овојпат над 200 милиони евра и близу 4 000 нови работни места“ – истакнува директорот.
Според Деспотовски значително е зголемен и интересот кај инвеститорите, не само странски, туку и домашни.
„Само во моментов во ТИРЗ сме во фаза на понапредни преговори за инвестиции над 500 милиони евра. Преку законот за стратешки инвестиции работиме на инвестицијата на грчки „Митилинеос“ во делот на енергетиката, која тежи над 200 милиони евра. Но, она што е уште позначајно е дека се повеќе се отвораме и кон домашните компании, бидејќи кај нив лежи голем инвестициски потенцијал. Наскоро во зоните ќе инвестира и голема македонска компанија што верувам дека сигурно ќе поттикне серија инвестиции од домашните компании“ – потенцира Деспотовски.
Со над 430 милиони евра нови инвестиции и над 2 000 нови работни места само за една година се заокружува најдобрата година до сега од постоењето на технолошко-индустриските развојни зони. Во октомври е надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година. Во изминативе две години се отворени над 3 500 нови работни места, а од 2017 година до денес бројката е + 10.000. Тоа се 160 проценти повеќе работни места од оствареното во периодот 2007 – 2016 година.
Лаура Стојанова М-Нет