Новаци убедливо го доби Поешево и го освои Купот на Битола

Новиот второлигаш Новаци е освојувач на Купот на ОФС Битола, откако во големото финале со убедливи 0:3 го доби Поешево.

Само едно полувреме беше доволно за Новаци да го добие финалниот натпревар, а четвртолигашот Поешево немаше сили да му парира на новиот второлигаш.

Јоцо Ѓорговски уште во 18. минута погоди за 0:1 и водство на Новаци на Градскиот стадион во Битола. Не требаше многу за Новаци да дојде до двојна предност, откако Стефан Стефановски постигна гол во 32. минута за 0:2, а две минути подоцна Христијан Торнески погоди за конечни 0:3.

Во вториот дел мрежите мируваа и на двете страни, а на крај со конечни 0:3, Новаци стигна до Куп-титулата.

Новаци има повеќе од успешна сезоната, откако стана шампион на Трета лига – Југозапад, потоа обезбеди влез во Втората лига преку ждрепката, а денес го освои и Купот на Општинскиот фудбалски сојуз во Битола.