БАРАЖ: Бутел е нов член на Трета лига – Север, пенал-рулетот кобен за Пчиња 2015

фото: архива

Бутел стана нов член на Третата македонска фудбалска лига – Север, откако во бараж ја доби Пчиња 2015 и се промовираше во повисок ранг на натпреварување.

Натпреварот во регуларниот дел заврши со чисти мрежи (0:0), а потоа се премина кон изведување на пенал-серијата.

Пенал-рулетот се покажа кобен за Пчиња 2015 која беше поразена со 8:7 по изведувањето на пеналите, а со тоа Бутел го завери билетот за пласман во Трета лига – Север за следната година.

Вчера на „Борис Трајковски“ во Маџари во директен пренос на телевизија М Нет, Шкендија Арачиново во пенал-рулетот го доби Кул Здравје и обезбеди пласман во Трета лига – Север.

Тоа значи дека Шкендија Арачиново и Бутел се нови членови на Третата македонска фудбалска лига – Север.