Настрешницата на секретарот на О. Штип пак ги разгоре страстите меѓу власта и опозцијата

Пред два месеца се најавуваше рушење на дивоградбата на секретарот на Општина Штип, а во изминатите денови активно се работеше на завршување на дивограбата, потенцираа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму додаваат дека граѓаните кои не се блиски со градоначалникот не може да ги легализираат своите објекти и нивните предмети стојат во фиока. Прашуваат до каде е дисциплинската постапка?

„Ова е дивоградбата која наводно се рушеше пред два месеци, а сега гледаме дека по неполни два месеци е објект чија надградба продолжува. Во изминатите денови бевме сведоци дека активно се работеше на завршување на дивоградбата на секретарот на Општина Штип, а од Јорданов ниту трага ниту глас по однос на прашањето за поведување на дисциплинска постапка. Ова е само показател дека селективноста е основниот принцип според кој работи Јорданов, а надлежните општински институции премолчуваат. Прашуваме до каде е дисциплинската постака која ја најавуваше Јорданов?
Кој дозволи да продолжи оваа дивоградба?“ – прашуваат од СДСМ.

На денешната прес конференција од општината кратко вратија дека ова е пракса на СДСМ да манипулира со јавноста.

„На СДС им стана пракса да ја манипулира јавноста со лажни прес конференции со цел ширење на дезинформации кои имаат за цел да го одвлечат вниманието од сите проблеми во кои ги вовлекоа граѓаните како партија на власт. “ – стоеше во писменото соопштени од Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет