Ниту Берово годинава не беше доволно „ладно“ за спас од горештините, туризмот падна за 20%

Ниту Берово годинава не беше доволно „ладно“ за да туристите бидат таму во летните горештини. Посетеноста е намалена споредбено со претходните година, па ако лани капацитетите беа 100% исполнети, годинава се бележи пад за околу 20 %. Високите температури беа главна причина, но акo на ова се додадат и покачените цени, за туристите поисплатливо е да отидат на море. Инспекторот за туризам при Општина Берово, Борче Палевски, за М-Нет телевизија вели дека туристите сами прават избор дали ќе се разладуваат на море или планина, но годинава првиот избор најверојатно беше подоминантен.

“Туристите од земјава во посетеноста е некаде околу 80 посто, поради тоа што и ова лето и во Берово беше топло, премногу, а луѓето одеа на море со што посетеноста не беше со полн капацитет на беровско езеро, но и низ градот Берово. Мислам дека и цените се зголемени, така да целото тоа придонесува за туристите, кога ќе ја направат разликата и кога ќе видат дали да одат на море или Берово може да тоа е пресудното.“, истакна Павлевски

Најголем дел од турсистите кои одмараат во Берово се од странство, односно дури половина. Со цел да се зголеми овој број, а Берово да го задржи епитетот „туристички град“ се отвораат нови капацитети со услуги подогни за сите.

“Има не голем, ама мал пад има, што значи дека се работи на подобрување на туризмот. Имаме нови регистрирани објекти, кои почнуваат да вршат туристичка дејност на Бланица, беровско езеро, како што и градот Берово. Имаме чист воздух, градот кој е познат како туристичко место, мислам дека пред се сите го бараат чистиот воздух. Најмногу имаме во хотелите од странство. Да речеме 50 посто имаме странци“, додава Павлевски

Инаку, градот Берово е сместен под падините на Малешевските планини и располага со богата природна убавина. Центарот, старите градби, многубројни цркви, езерото, музеите и центрите за култура се најголема привлечност за посетителите, но и чистиот воздух кој е белиот дроб за малешевијата.

Лаура Стојанова, М-Нет